Заев: Владата ќе биде покровител на прославата на 70-годишниот јубилеј на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица
Измени на Законот за знаковен јазик од 2009 година, а подоцна и негово целосно имплементирање, побара денеска претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија Васко Марков на средбата во Владата на РМ со премиерот Зоран Заев кој рече дека неправдата кон глувите и наглуви лица мора да биде исправена.
Како што соопшти владината прес-служба на премиерот Заев голем дел од проблемите на глувите и наглуви лица му се познати. Тој од нив побарал листа на барања кои ги има Сојузот, а со чие исполнување во значителна мера ќе се олесни животот на лицата со оштетен или со изгубен слух.
Посочувајќи дека ги застапуваат правата на околу 6.500 глуви и наглуви лица во Македонија, претседателот на Сојузот, Марков во име на 18-те општински здруженија, побара лицата кои целосно го изгубиле слухот да имаат право на нови помагала, на товар на државата.
Во исто време, претседателот на Сојузот ја искористи денешната средба и од премиерот побара владата да биде покровител на прославата на 70-годишниот јубилеј на Сојузот на глуви и наглуви лица, кој ќе се одбележи наесен следната година.
- Се радувам што денешната средба доаѓа во пресрет на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Ќе сториме се за да ги решиме вашите проблеми еден по еден. Пренесете им на сите лица со оштетен или со изгубен слух, кои се ваши членови, дека јас сум нивен пријател. И затоа со огромно задоволство ќе помогнеме од вашата прослава до година да бидат задоволни сите, истакна премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Тројца загинати во судар на автомобили на наплатна рампа кај Ливорно, во италијанска Тоскана
-
Пет пожари на отворено во регионите на Скопје, Охрид и Неготино
-
Утринските температури од 12 до 19 степени, најмногу дожд во Демир Капија
-
САД: Израел ги постигна повеќето од своите воени цели во Газа
-
Нов обид на Уставен суд да избере претседател
-
Возот од Велес утрово не тргна за Скопје
-
Локални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата тврди – Ниш и Чачак се слободни градови
-
Нетанјаху може да издржи подолго на власт од Бајден