Заев: Верувам дека одговорноста на Тодоров и Јанчев ќе поттикне и други пратеници
За работата на Координативното тело за помирување, за реформите и процесот на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, разговарале премиерот Зоран Заев и Никола Тодоров и Митко Јанчев.
Премиерот денеска на маргините на регионалниот форум „Промовирање на имплементацијата на Истанбулската конвенција во земјите на Западен Балкан и во Турција – Интегрирани политики, инклузивни партнерства“, одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека верува оти јасно изразената одговорност од страна на Никола Тодоров и градоначалникот Митко Јанчев може да охрабри одредени пратеници коишто „знаат кој е исправниот чекор, а се уште немаат доволно храброст да го направат тој чекор“.
-Навистина ќе сторам се за рализирање на овој процес, имаме максимална консолидација во општеството во врска со ова исклучително важно прашање за Република Македонија, а тоа се уставните амандмани. Уште во првата фаза имавме инклузивен процес. Верувам дека и оваа фаза, која завршува со пленарната седница, која ќе почне на 1 декември, ќе биде таква, а посебно во последната фаза, кога ќе помине јавната дебата и ќе бидат конечни амандманите со нивното амандмирање, односно нови амандамни на самите амандамни, рече Заев.
Изрази верување дека бројката од 80 пратеници може да се зголеми. -Таа бројка од 80, која беше овозможена при првото гласање беше само за тогаш и никој не може да каже дека таа бројка ќе опстојува . Јас искрено се надевам дека бројката ќе расте, рече Заев.
Иако се исклучени од партиските органи, Заев верува дека тие имаат влијание во партијата, и покрај промените во позициите тие сепак се чувствуваат како дел од ВМРО-ДПМНЕ и затоа ги повикал на кафе во Струмица.
Истакна дека со задоволство би учествувал на Координативното тело, нагласувајќи оти тој е иницијаторот на процесот на помирување.
-Верувам искрено во него. Оваа закрвавеност, омраза коишто се јавуваат во нашето општество треба да помогнеме сите заедно да се надминат, посебно во периоди кога сме сите заедно за стратешките цели а тоа е членството во НАТО и во ЕУ, истакна Заев.
Ново на Сител
-
Кривична за директор и четворица вработени во јавно претпријатие во Кичево за загрозување на животната средина
-
Анушиќ: Хрватска сака да стане европски лидер во производство на мали дронови
-
Израелското државно радио известува за „дожд од ракети“ од Иран
-
Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите
-
Алмеида нoв тренер на Севиља
-
Босна се откажа од настап во АБА лигата
-
ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
-
Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни