Македонија
12. April 2021 - 15:29

Заев: Важно е да расте платата, но при тоа да не ги губиме работните места

За нас важно е следењето на трендовите со невработеноста, како и зголемување на инвестициите, на приходите, на просечната и минималната плата. Важно е да расте платата, но важно е при тоа растење на платата да не ги губиме работните места. Јас очекувам оваа пролет ако продолжи вака економскиот тренд дека многу луѓе коишто и реално на нето основа останале без работа веднаш ќе може да се снајдат со работа, односно да бидат работно ангажирани, изјави премиерот Зоран Заев.

-Среќна околност е алатката со 70, 80 отсто од луѓето да одат на принуден одмор, значи земаат некаква плата, не се отпуштаат од работа. Ретки се, ама навистина ретки се анализите на вакви случаи, некој да изгуби работно место. Ако ги гледате параметрите од Агенцијата за вработување таму ќе видите дека во одредени периоди се јавуваат 12, 15, 17, 22.000, но веднаш после тоа заради тоа што податоците за вработување се објавуваат следниот месец за тој што се случил, ќе видите дека веднаш имаме ангажман. Во целата флескибилност на државниот систем, согласно Законот за вработување јасно се гледа дека одредени фирми, граѓани ја користат алатката времено ангажирани за одредени месеци, а од следниот први почнува нов договор за времено ангажирање во иста или во соодветна фирма. Денес имаме граѓани кои соопштуват во рок од три дена дека ја напуштаат самата компанија заради тоа што нашле друго слободно место. Она што за нас е исто така многу важно, е следењето на целиот тренд од Заводот за статистика, вели Заев на новинарско прашање по средбата со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.

Додава дека невработеноста во вториот квартал 2020 пораснала на 16,7 отсто, а беше 16,1, за во третиот кваратал повторно да почне да паѓа на 16,5 проценти,и четвртиот квартал стигна 16,1 процент.

-Извлековме кумулативна стапка за 2020, 16,4, но завршивме крајот на годината со 16,1 процент невработени. Овие трендови коишто сега ги имаме со зголемени инвестиции, со зголемени приходи во државата со зголемена просечна плата во државата, со зголемена минимална плата во државата верувам дека ќе биде доволен балансер да не се губат работни места. Некојпат зголемената минимална плата согласно законот, за жал, некаде предизвикува отпуштање на работници. И тоа нема да го дозволиме. Затоа Економско-социјалниот совет расправа и точно да ги утврди по закон самите параметри, нагласи премиерот.

Денеска, вели, имаме 15.272 денари минимална плата или 28.270 денари е просечната плата во државата.

– Важно е да расте платата, но важно е при тоа растење на платата да не ги губиме работните места. Јас очекувам оваа пролет ако продолжи вака економскиот тренд дека многу луѓе коишто и реално на нето основа останале без работа веднаш ќе може да се снајдат со работа, односно да бидат работно ангажирани.  Значи трендот продлжува понатаму, ако излезот од кризата оди како што е во првото тримесечје, ги соопштивме резултатите, продолжи во оваа втора, првите десет дена се со одличен резултат од април месец, само по себе тоа значи креирање нови работни места, подигање на платите и ќе продолжиме во тој правец, заради тоа што колку и да е помошта од државата секој граѓанин сака сам да си обезбеди егзистенција. На никој не му е трајно решение континуирана помош да добива од државата, посочои премиерот Зоран Заев.