Заев уверен во победата на Пендаровски, но и подготвен за предвремени избори ако тоа не се случи
Премиерот Зоран Заев и претседател на СДСМ изрази увереност во победата на кандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски на претстојните претседателски избори, бидејќи како што рече зад него стојат сите етнички заедници во земјава, но доколку тоа не се случи тој е подготвен со опозицијата да разговара за можноста за распишување на предвремени парламентарни избори.
-Јас верувам дека ќе победи Пендаровски, зад него се сите етнички заедници, здружени, а ако не победиме подготвен сум со опозцијата да разговарам за предвремени парламентарни избори, но при тоа овозможувајќи да се донесе одлуката во ЕУ, да се отворат поглавјата, да се донесе позитивна одлука за Република Северна Македонија. Ако Пендаровски не победи на изборите тоа и дава кредибилитет на опозицијата да повика на предвремени избори, рече Заев вечерва во ТВ дуелот со Мицкоски на Канал 5.
Тој го праша Мицкоски дали тој ќе си поднесе оставка од лидерската функција во партијата, доколку загуби нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не даде конкретен одговор, а Заев напомена дека ќе си остане на зборот, но можеби партијата на Мицкоски нема да побара предвремени избори, бидејќи всушност, како што рече, и не сака тоа да се случи.
И Заев и за Мицкоски под успешни избори подразбираат демократски, кристално чист процес, а премиерот нагласи дека е потребен и исполнет цензус.
Ново на Сител
-
Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
-
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведен 50-годишник | ФОТО
-
Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол
-
Малолетник од Гостивар приведен на патот Ресен–Охрид со украдено возило
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација
-
„Киев Индепендент“: Русија и помага на Кина во подготовките за инвазија врз Тајван
-
Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска