Заев уверен дека Македонија и Грција ќе најдат достоинствено решение за спорот
Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека Македонија и Грција ќе успеат да најдат достоинствено решение за спорот околу името.
- Верува дека ќе се изнајде решение, кое ќе биде досотинствено за двете страни и кое нема да задира во идентитетот на нашиот македонски народ, но и во потгребите од идентитеското поставување и на дел од народот во Грција, рече премиерот по денешната посета на Аквадуктот во Скопје.
Од него беше побарано да се произнесе на најавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека нацрт-спогодбата ќе пристигне пред него во Скопје и оти не отстапува од тоа да има промена на уставното име.
- Не би сакал да навлегувам во коментарите од другата страна на преговорите. Нашите позиции се јасни. Ние сме подготвени за решение. На Македонија и требаат решенија и знам дека и на Грција и требаат решенија, нагласи Заев.
Додаде дека двете страни разговараат за изнаоѓање решение за името, со кое ќе се направи разграничување на регионот во Северна Грција, кој што се вика Македонија од Република Македонија.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
