Заев утре во Тирана на средба со лидерите од Западен Балкан
Премиерот Зоран Заев утре и задутре во албанскиот главен град Тирана ќе учествува на состанокот на лидерите од Западен Балкан, во рамки на иницијативата „Мал Шенген“, чиј домаќин ќе биде неговиот албански колега Еди Рама.
Иницијативата која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните е продолжение на средбите од Нови Сад и Охрид на Заев и Рама со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
На вториот ден од состанок предвидена е заедничка изјава за медиуми на лидерите на Западен Балкан.
На трилатералната средба минатиот месец во Охрид беше усвоена Декларација со која се предвидува минување на границите само со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите, придружена со Акциски план од дестина мерки за нејзино спроведување.
Албанскиот премиер Рама од Охрид тогаш најави и дека на следната средба се очекува да присуствува и новиот висок претставник на ЕУ за мадворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки