Заев тврди дека е невин за „Поткуп“ и оти случајот е конструиран

Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата.
- Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе се потврди дека обвинението за поткуп е бесмислено, рече Заев пред судот.
Според него, станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР да се постигне целта, а тоа е тој како тогашен лидер на опозицијата да престане со проектот Вистината за Македонија односно т.н., бомби.
Тој очекува дека со прегледувањето на доказите да се потврди дека станува збор за собирање донации за Соборниот храм во Струмица и за негови повици до бизнисмените да донираат за изградба на тој храм, што било прифатено од нив.
Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поктуп. Го замоли судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата. Побара и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.
Претходно, и неговите адвокати истакнаа дека тој не е виновен и оти додека бил градоначалник на Струмица не направил никакво незаконско дејство согласно тогашните закони за откуп на градежно земјиште. Поради тоа, одбраната смета дека немало причина да се прими поткуп. Сведокот не му дал ниту едно евро на Заев и на неговото семејство, ниту пак дал пари за изградба на црквата.
Обвинетиот Заев и неговото семејство, пак, дале 50 илјади евра за изградба на црквата. Сведокот, според одбраната, бил запознаен за ова и сакал да создаде лажна слика дека Заев бара подарок за себе како услов за да се завршат постапките за откуп на земјиштето. Сведокот бил свесен дека станува збор за донација за црква, а не за поткуп.
Обинителот, пак, го изнесе обвинението и рече дека ќе ја докаже вината на Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на Јутуб да бидат прифатени како доказ.
Зоран Зоран во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.
Николов денеска не дојде во судницата, и како што беше речено на рочиштето, немало доказ за уредна достава на поканата.
Судењето треба да продолжи на 19 и на 26 март со прегледување на доказите и ЦД-та.
Ново на Сител
-

14-годишник возел мотор во спротивна насока, кога ја видел полицијата го оставил и избегал
-

Ја однел сопругата во шума, ја врзал за дрво и ја тепал со тврд предмет, уапсен 27-годишен скопјанец
-

Од 2012 до 2025 не е извршена инспекциска контрола во „Пулс“ од инспектор за противпожарна заштита
-

Српски медиуми: Вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана
-

Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем - потребен е заеднички и координиран одговор
-

Николоски: Ветивме дека Градскиот воз ќе почне на 1 септември и така се случи
-

Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки
