Заев: Треба да го поддржиме законот за еколошка такса ако сакаме почист воздух и зелени површини

Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја најавата на опозицијата дека ќе го блокира донесувањето на законот за еколошка такса, попладнево во Куманово изрази надеж дека ќе се изнајдат начини за да се изгласат законите кои се важни за граѓаните.
– Верувам дека согласно Деловникот, законите треба да се гласат „за“ или „против“ и верувам дека ќе се изнајдат начини за да ги продолжиме политиките важни за граѓаните. Ако сакаме повеќе здравје, почист воздух и повеќе зелени површини, мора да ги следиме европските политики. Зелената такса што се воведува, доаѓа во време кога се укинуваат трите денари акциза што беше воведена кога цената на нафтата беше најниска. Очекуваме другата недела да помине 600 долари барел и веднаш паѓаат самите такси, така што немаме во просек некое зголемување, но ќе имаме огромен фонд кој во една година значи не помалку од 55 милиони евра. Тоа се пари за зелени површини, пари за обновливи извори на енергија, енергетска ефиканост кои значат многу за државата. Да застанеме сите и ваквите процеси да ги поддржиме, изјави Заев.
Опозицијата денеска најави дека ќе го блокира донесувањето на овој Предлог-закон кој, според нив, значи нова давачка за граѓаните и поскапување на цените за транспорт и други производи.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
