Заев – Тимерманс: Силна поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ
Соговорниците на состанокот се согласија дека во овој процес не треба да има одвојување од Албанија и оти и Македонија ги исполни сите услови да ги почне преговорите што беше потврдено и во извештаите на ЕК за безусловен старт на преговорите.
На средбата, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, стана збор и за пост-ковид периодот и за поддршката на регионот и на нашата земја во фазата за социо-економско закрепнување, при што потпретседателот на ЕК Тимерманс како посебен успех на Македонија го издвои лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија што претставува сериозен влог на државата во проектите кои од ЕУ ќе добијат финансиска помош преку Економско инвестицискиот план и ИПА програмата вредна девет милијарди евра грантова помош и дополнителни 20 милијарди поволни кредити за инфраструктурни и други проекти во регионот.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци