Заев: Св. Климент Охридски како голем човек и силна личност е жив паметник на нашата историја
Во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, до сите православни верници и до Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски, основоположник на македонската духовност и патрон на МПЦ – ОА, сподели премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„Како еден од најблиските и најревносните соработници и учесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на словенските народи, останал доследен на обврската што ја чувствувал да ги продолжи мисијата и делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност.
Тоа сведочи и за исклучителните организациски, но и обединувачки способности на светиот учител од Охрид во духот на христијанското заедништво.
Со Свети Климент Охридски се поврзани и почетоците на македонската писменост и јазик, и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта.
Нека е честит големиот празник во чест на Св. Климент Охридски. Сите да сме здрави, спокојни и паметни, и да нѐ крепи неговото дело кога ги градиме духовните вредности, како темелни вредности на оваа и на сите генерации кои го даваат својот придонес во изградбата на толерантно и демократско општество за сите во нашата убава држава, Република Македонија“, додава Заев.
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка