Заев: Со четвртиот пакет мерки не е заборавен никој

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција ги презентира сетот мерки од четвртиот пакет кој го усвои Владата на денешната седница во вкупна вредност од 470 милиони евра, со кој, како што рече, не е заборавен никој. Заедно со претходните три пакети на граѓаните и стопанството, како што кажа, за надминување на последиците од здравственп-еконосмката криза им се доделени над една милијарда евра.
Четвртиот пакет, кој има вкупно 31 мерка, е директна поддршка за економската и социјална сигурност на нашите граѓани и поттикнување на приватната потрошувачка, Ги имаме предвид сите дејности, сите компании, а нашето внимание е насочено кон поддршка на работните места, на ранливите категории, невработените…, рече премиерот.
Прва мерка е продолжување на поддршката за исплата на плата во последните три месеци.
Како што рече таа ќе биде скалеста и ќе заиси од падот на приходот кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите толку ќе биде поголема поддршката која ќе се движи од 14.500 денари до 21.776 денари.
Со оваа мерка ќе бидат поддржани 250000 работни места, а вредноста е 70 милиони евра.
Втората мерка е платежна картичка за за поголеа потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5726 самохрани родители 182271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници.., рече Заев, додавајќи дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.
Оваа мерка е наменета за 280000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра.
Меѓу мерките е и згоелмување на грејс период на бескапаматните кредити од Ковид 1 линијата во траење од три месеци, потоа поддршка со плата на туристичките водичи, поддршказа туризмот преку враќање на туристичката такса за 2019 година во износ од два милиони евра.
Соопшти над 30 мерки меѓу кои и за угостителските објекти за организирање свадби, игротеките, уметниците, компании, земјоделци….
Новиот пакет е продолжение на претходните три пакета, а целта е да се обезбеди одржливост на макеоднските економски дејности и работните места.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
