Заев со честитка по повод Успение на Пресвета Богородица: Честит празник, да продолжиме да го живееме секој ден со добрина, радост и љубов
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на црковна литургија во манастирот „Св. Леонтиј“ во селото Водоча по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. По тој повод премиерот Заев упати честитка до христијанските верници кои денеска празнуваат.
– Исполнети со радост, по Божествена литургија во чест на Мајката Божја, ја користам приликата да им честитам на сите православни христијани и на сите христијани воопшто, големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Го славиме со добрина, со радост, со љубов, затоа што отсекогаш така се славел. По тоа и го знаеме празникот и треба секој ден да продолжиме да живееме, со добрина, со радост, со љубов. Нема проблем, нема предизвик, којшто не можеме да го совладаме ако пристапиме со добрина, со љубов, со радост. Во името на тоа, да го живееме секој ден, да си помагаме, да си подаваме рака еден на друг, секогаш пристапувајќи еден со друг со добрина, со радост и со љубов. Нека е честит големиот празник Успение на Пресвета Богородица!, вели Заев во честитката.
Ново на Сител
-
Лавров: Израелскиот напад врз Катар ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток
-
Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата
-
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови | ФОТО
-
Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик
-
Туск со предупредување до Полјаците: Не подлегнувајте на руски дезинформации
-
Кремљ веќе нема да коментира за упадот на беспилотните летала во Полска
-
Кинез починал на лице место во фабрика во Кавадарци откако бил удрен од кран
-
Обвинение против три лица за дивите депонии во Вардариште