Заев: Северна Македонија е посветена на колективната безбедност на НАТО
Премиерот Зоран Заев при неговото пристигнување на првиот Самит на НАТО на кој Северна Македонија учествува како полноправна земја членка на Алијансата, изјави дека земјава е целосно посветена на колективната одбрана, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Ова е прв самит за Северна Македонија како полноправна членка и прв самит за НАТО со 30 земји членки, ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО. Членството во НАТО беше остварување на нашата стратешка цел, а Алијансата ја подобри стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, рече Заев, кој ја преводи македонската делегација на Самитот, во чиј состав се и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Бујар Османи.
Премиерот додаде дека Северна Македонија е посветена на изградба на Западниот Балкан на 21-от век, како регион на стабилност и просперитет за сите граѓани.
– Тука сме да ја потврдиме нашата обединетост, кохезија и солидарност во справувањето со идните предизвици. Ги делиме истите вредности и стоиме рамо до рамо во Алијансата, посветени сме на колективната безбедност, посилни сме заедно, рече премиерот пред почетокот на самитот.
Според најавите околу 17 часот Заев ќе оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, на кој ќе стане збор и за претстојниот клучен министерски состанок на ЕУ на кој треба да се донесе одлука за одржување на првата меѓувладина конференција, односно формалното започнување на преговорите на земјава со Унијата, што засега сѐ уште е блокирана од Софија.
– Сите средби донеле бенефит, очекуваме исчекори и подобра иднина за сите наши граѓани, очекувам дека низ разговори можеме да најдеме решение, рече Заев, потсетувајќи дека Северна Македонија е кандидат за членство со препорака за почеток на преговори повеќе од 16 години. – Очекувам нашиот прв, источен сосед, Бугарија конечно да даде поддршка за првата меѓувладина конференција, дополни премиерот.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза