Заев се сретна со Ванхауте и претставници на ИРИ
Отворањето дијалог со опозицијата во државата, актуелното решавање на отворените прашања со соседите, како и одржување на пријателска атмосфера, сигурно ќе донесе до просперитет за граѓаните на Република Македонија и соседните држави, констатирале на денешната средба премиерот Зоран Заев и Питер Ванхауте, белгиски експерт и поранешен посредник на ЕУ, кој помагаше за реализирање на поголемиот дел од реформите кои беа потенцирани во Извештајот на Прибе.
- Заев и Ванхауте разменија мислења околу актуелната политичка ситуација во земјава, оценувајќи ги како исклучително позитивни економските мерки кои се преземаат за стабилна бизнис клима и привлекување странски инвестиции преку воведување нови економски мерки што се темелат на фер и транспарентна распределба, како и чекорите кои придонесуваат за јакнење на довербата меѓу Република Македонија и Република Грција, соопшти владината прес-служба.
Заев на средбата со Ванхауте и со претставниците на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) во Македонија истакнал дека Владата е отворена за соработка и е добредојдена секоја препорака со цел подобрување на нејзината работа во остварување на реформите
Според соопштението, директорката на Програмата на ИРИ во Македонија, Илина Мангова и Марија Саздевски, менаџер на Програмата за финансии, го поздравиле унапредувањето на владеењето на извршната власт и изразиле поддршка за реформите и остварувањето на Планот 3-6-9. Го запознале премиерот Заев со практиките и препораките за управување во сферата на јавната администрација и за односите на Владата и Собранието давајќи поддршка на актуелните реформи во државата.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви