Македонија
3. October 2016 - 13:48

Заев се сретна со европратеникот Ховит

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со пратеникот во Европскиот парламент Ричард Ховит.

На средбата, како што информира СДСМ, заеднички била истакната неопходноста од регуларни избори во Македонија, како и потребата од демократска Влада.

Заев истакнал дека во декември мора да има фер избори и изразил надеж дека опозицијата ќе ја добие одговорноста да ја води државата.

- Ние сме отворивме целосно како партија за граѓаните и веќе работиме на приоритетите за граѓаните и за Македонија по декември. Човекот е во нашиот фокус, секој да има добар живот во Македонија и за таа цел вчеравечер Конгресот на СДСМ усвои План 180, на што ќе се посвети новата Влада во првите 6 месеци, како и План за итните реформи во првите две години од мандатот, рекол Заев.

Според СДСМ, пратеникот Ховит дал силна поддршка на, како што наведуваат, напорите за обнова на демократските процеси во Македонија и на заложбите за стабилизирање на животниот стандард на граѓаните.