Заев се сретна со европратениците Ховит, Кукан и Вајгел
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел.
На средбата, како што соопшти СДСМ, се разговарало за спроведувањето на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинската имплементација.
Заев, како што се додава во соопштението, истакнал дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и дека само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување на фер и демократски избори.
- Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги исполни сите обврски од Договорот. Продолжуваме со нашата посветеност и очекуваме сите страни да ги исполнат своите обврски како што е предвидено. Политичките партии имаат обврска пред граѓаните да ги исполнат очекувањата за слободни, фер и демократски избори, рекол Заев.
Претседателот на СДСМ изразил жалење што не се спроведуваат реформи во клучни области, директно поврзани со изборниот и предизборниот процес.
Според него, регулирањето на состојбата во медиумите и прочистувањето на Избирачкиот список не се обврски само од Договорот од Пржино. - Овие две области, уште пред објавувањето на проектот Вистината за Македонија, сите релевантни меѓународни организации ги посочија како клучни сфери во коишто мора да се спроведат сериозни реформи за обезбедување на гаранции за фер и демократски избори, посочил Заев.
Како што нагласил, слободата на медиумите и слободата на говорот се директно поврзани со демократскиот амбиент во предизборниот период.
- Императив на Договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес. Само целосно исполнување на договореното ќе и даде шанса на иднината на Република Македонија како слободна, демократска и европска држава, смета Заев.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот