Заев се сретна со директорката на Мировниот корпус од САД, Џоди Олсен
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со директорката на организацијата Мировен корпус, Џоди Олсен, која оваа должност ја презеде минатиот месец по назначувањето од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Од владината служба за информирање соопштија дека директорката Олсен, која била придружувана од директорот на Мировниот корпус за Македонија, Марк Ханафин, и амбасадорот на САД, Џес Бејли, изразила големо задоволство од можноста да ја посети Република Македонија и да оствари средби со околу 100 волонтери од САД, кои во овој момент се присутни во земјата. Директорката Олсен, исто така, изразила особено задоволство и благодарност за гостопримството на повеќе од 7.200 граѓани волонтери на САД во изминатите 22 години, како и за можноста да ги спроведуваат принципите на Мировниот корпус во Република Македонија.
Премиерот Заев изразил согласност за огромниот придонес што волонтерите на Мировниот корпус од САД го имаат остварено во развојот на локалните заедници во земјата, како во делот на градењето вистински и искрени пријателства меѓу луѓето од САД и Република Македонија, така и во делот на позитивните искуства во поддршката на различни целни групи во заедниците, како што се лицата со попреченост, и во поддршката во учењето на англискиот јазик.
- Организацијата Мировен корпус е едно од најдобрите искуства во градењето на трајни мостови помеѓу САД и Република Македонија, како една од најмасовните мисии во земјата со една од најдобрите програми“, посочил претседателот на Владата, Зоран Заев.
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител