Македонија
1. May 2017 - 16:33

Заев: Република Македонија оди напред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на граѓаните на Република Македонија им го честита 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.

- Бидете горди на нашата заедничка борба за правда, за квалитетен живот, за достоинствени работни места, за пристојни плати и пензии, за напредна Македонија. Овој 1 мај 2017 година е ден на нашата истрајност и верба во живот за сите и сведоштво дека тоа е можно.
Заедно, сплотени, еден до друг, обезбедуваме демократска, слободна Република Македонија со економски и социјално стабилни семејства и граѓани, се вели во честитката од Заев.

Граѓаните на Македонија, се додава, како никогаш досега се одлучни да си ги добијат и одбранат своите права.

- Одлуката ја донесоа на 11 декември и таа се обврзуваме дека ќе ја реализираме до крај, преку формирањето на новата реформска Влада на граѓаните.Правото да се биде заштитен и сигурен на работното место и трудот да биде соодветно почитуван и вреднуван се во центарот на секое современо и цивилизирано општество.Само мотивирани работници може да ги развиваат претпријатијата коишто се двигател на економијата и ние на тоа планираме да се посветиме. Република Македонија оди напред! Овогодинашниот 1 мај најавува дека демократска Македонија ја враќа државата во рацете на работниците и на народот, се потенцира во честитката од Заев по повод 1 Мај.