Заев: Република Македонија оди напред
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на граѓаните на Република Македонија им го честита 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.
- Бидете горди на нашата заедничка борба за правда, за квалитетен живот, за достоинствени работни места, за пристојни плати и пензии, за напредна Македонија. Овој 1 мај 2017 година е ден на нашата истрајност и верба во живот за сите и сведоштво дека тоа е можно.
Заедно, сплотени, еден до друг, обезбедуваме демократска, слободна Република Македонија со економски и социјално стабилни семејства и граѓани, се вели во честитката од Заев.
Граѓаните на Македонија, се додава, како никогаш досега се одлучни да си ги добијат и одбранат своите права.
- Одлуката ја донесоа на 11 декември и таа се обврзуваме дека ќе ја реализираме до крај, преку формирањето на новата реформска Влада на граѓаните.Правото да се биде заштитен и сигурен на работното место и трудот да биде соодветно почитуван и вреднуван се во центарот на секое современо и цивилизирано општество.Само мотивирани работници може да ги развиваат претпријатијата коишто се двигател на економијата и ние на тоа планираме да се посветиме. Република Македонија оди напред! Овогодинашниот 1 мај најавува дека демократска Македонија ја враќа државата во рацете на работниците и на народот, се потенцира во честитката од Заев по повод 1 Мај.
Ново на Сител
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“