Заев: Ратификацијата во Шпанија се очекува следниот месец, ако се одложи, кај нас е можна условна ратификација, но според процедура
Според информациите кои ги добиле властите на Република Македонија се очекува следниот месец да заврши ратификацијата на Протоколот за влез на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент, по што нашето Собрание ратификацијата би ја завршило до крајот на следниот месец или евентуално до 11 февруари, пред да се распушти законодавиот дом. Евентуалното одложување на ратификацијата во Шпанија ја отвора можноста да се направи условна ратификација кај нас.
Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вчера излезе со иницијатива до Владата во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор и на Пристапниот протокол за членство.
-Евентуалното одложување од Шпанија, кое не верувам дека ќе се случи, ја отвора можноста да направиме условна ратификација во самиот Парламент, која би била објавена од страна на претседателот на државата, од страна на Парламентот, веднаш со ратификацијата во шпанскиот Парламент. Овде постапката и процедурата е усогласена со НАТО централата и тоа можеме да го направиме, но чесно, достоинствено и гордо да бидеме 30 земја-членка, која ќе ја направи ратификацијата. И затоа одиме сериозно и одговорно во делот на постапките без какви било политички калкукации, рече премиерот.
Тој иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ ја означи како политичка калкулација и ги праша пратениците од оваа партија каде биле кога во Собранието се носеле важните стратешки одлуки за земјата.
-Не треба да бидете од некоја голема партија, може да бидете и од мала и како граѓанин да знаете дека за предлог за ратификација доставува Владата до Парламентот. Политичките партиии ова сега го користат исклучиво заради нивно калкулантство. Каде беа тие кога требаше да се донесат големите одлуки за РМ, за да можеме да бидеме членка во НАТО. Беа повлечени надвор од сите преговарачки процеси, избегнуваа да донесат храбри одлуки стоеја над пратеницитре кои дефинитивно ги поддржаа ваквите историски одлуки во Собранието, по 27 години да ги решиме крупните проблеми за да бидеме конечно членка на НАТО, рече Заев.
Премиерот истакна дека верува оти граѓаните ќе ги препознаат овие политички калкулации.
Заев денеска заедно со заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска одржа средба со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски и направија увид на градежните работи за изведба на спортската сала при ООУ „Јоаким Крчовски“ во село Волково.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица