Заев прими плакета од борците на НОВ на Србија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска во рамките на програмските активности за одбележување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод 80 годишнината од овој настан, му беше врачена плакета за неговиот придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба, којашто му ја врачи претседателот на Сојузот на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР) на Република Србија, Видосав Ковачевиќ.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле споделени сеќавања од некогашните заеднички заложби од народно-ослободителната војна и се разговарало за важноста на поддршката на ветераните од Втората светска војна за постојано да се промовираат придобивките од борбата против фашизмот кои секогаш треба да потсетуваат на најголемото зло за човештвото во 20-тиот век.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
