Заев: Предлог-буџетот гарантира домаќинско и ефикасно управување со државните пари

Предлог буџетот за 2018 година гарантира домаќинско и ефикасно управување во работењето со државните пари, рече денеска премиерот Зоран Заев, презентирајќи го Предлог-буџетот што вчера беше усвоен на владина седница и доставен до Собранието.
Предлог буџетот, како што наведе Заев, ги содржи препораките од јавната дебата а основната цел при неговата подготовка била развојната компонента за насочување повеќе пари кон граѓаните.
- Предлог буџетот ги обезбедува основните функции на државата за непречена и навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери. Ова е буџет за граѓаните и за финансиска стабилност. Обезбедува услови за реално раздвижување на економијата, при што ќе целиме кон што поголема реализација на капиталните инвестиции, посочи премиерот Заев
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
