-->
-->
Заев: Пратениците треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ
-->
Во Собранието почна седницата на Комисијата за уставни измени на која на дневен ред е Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со Договорот од Преспа.
Премиерот Зоран Заев, кој го образложи предлогот на Владата, истакна дека од досегашниот увидот и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениицте да се обеиднат околу стратешките цели на земјата.
За стручната и експертска јавност, оцени тој, измените се согласно меѓународните стандарди.
- Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по своја волја. Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените, рече премиерот.
На седницата присуствуваат пратеници од сите пратенички групи вклучувајќи ги и ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа "против" дневниот ред на седницата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите