Заев: Позитивни оценки од ЕК за земјава
Европската комисија денеска ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда на Македонија: Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил.
Годинешните пакети на Европската комисија, како што истакнува Заев, имаат посебно значење бидејќи се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите-членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за Македонија и конечно, во период кога го очекуваме одржување на првата меѓувладина конференција меѓу нашата земја и ЕУ до крајот на годинава во рамки на Германското претседателство со ЕУ.
-Радува што во извештајот за Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на нашата Влада со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво. Се наведува дека Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати, пишува Заев на ФБ.
Посебно, како што наведува премиерот, се издвојуваат наодите во областите на фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми.
-Финансиската поткрепа од 9 милијарди евра преку ИПА, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој, пишува Заев на ФБ.
Ново на Сител
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект
-
Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии
-
Жена загина во Солун во експлозија на бомба – веројатно додека го пренесувала експлозивниот механизам
-
32-годишник пријавил дека му се заканувале преку аудио снимки и социјални мрежи, приведени двајца неготинци
-
Акциска контрола во угостителски објект покрај патот Тетово-Гостивар, приведени пет странски државјанки
-
Зеленски го отфрли предлогот на Путин за тридневно примирје