Заев потврди дека на пописот ќе има графа за етничка припадност
– Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека во пописот што треба да се спроведе наредната година ќе има графа за етничка припадност на граѓаните иако претходно се најавиваше дека тоа нема да биде случај, туку дека тие ќе може да се изјаснуваат само кој јазик им е мајчин.
-Се усогласивме дека ќе има графа за етничка припадност заради тоа што тоа е многу е важно и за помалкубројните заедници. На пример ромската заедница многу малку или поретко го употребува својот мајчин ромски јазик и ако само јазикот биде во делот на графата тогаш тоа може да не доведе вистинска бројност на таа заедница, рече Заев пред промоцијата на Оперативниот план за вработување за 2019.
Од тие аспекти, потенцира премиерот, како солидарни припадници на поголемите етнички заедници донесовме одлука и изградивме заедники став да го охрабриме и ЕУРОСТАТ и ДЗС да ја има графата за етничка припадност.
Ново на Сител
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени

