Заев: Политичките одлуки во земјата ќе зависат од пораките на ЕУ и Маркел
Политичките одлуки во земјата за тоа дали ќе има реконструкција на Влада или предвремени избори ќе зависат од одлуката на Европскиот совет и како европските земји ќе ги постават работите, како и од пораките што ќе ги добиеме од германската канцеларка Ангела Меркел на претстојната средба во четврток во Берлин изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Владата со неговиот чешки колега Андреј Бабиш.
-Денеска добивме сериозно охрабрување од земја членка која е прилично влијателна во ЕУ посебно во новите консталации во политичкиот дел и поставеноста на Алте груп, но и од Германија и пораката што ќе ја добиеме од канцеларката Ангела Меркел и јасното соопштување за извесните чекори коишто ќе дојдат така ќе ги носиме одлуките дома. Нема дилеми дека ќе добиеме датум за преговори, важно тоа е да биде порано. Важно е да знае ЕУ дека таа за нас е атрактивна затоа што секогаш покажала мудрост да ги прави реформите внатре,но и да го држи процесот отворен за привлекување на новите земји кандидати за членство во ЕУ и верувам дека тоа ќе се случи. Оваа мотивација од ЕУ за нас е важна за да продолжиме понатаму, рече Заев на новинарско прашање дали има донесено одлука за која од трите можни опции (реконструкција на Владата, предвремени парламентарни избори, враќање на мандатот) се одлучил, а кои тој претходно ги најави во случај да не добиеме датум за преговори.
Тој рече дека по средбата во четврток, веројатно следниот викенд ќе следи седница на централниот одбор на СДСМ, дека се постојано во координација со коалициските партнери и во зависност од одлуката на парламентарното мнозинство и дали тоа ќе се одржи така ќе ги носат одлуките.
-Транспарентни сме до самиот крај. Верувам дека јуни месец ќе ги заокружи сите овие политички одлуки дома затоа што се што работиме е заради интеграциите во ЕУ и НАТО кое ни влијае комплетно позитивно на економските процеси и реформите. Денеска имаме одлична позитивна порака од премиерот Бабиш. Во четврток очекувам позитивна порака од канцеларката Меркел со прецизни агенди и детали затоа што сите земји немаат никаква дилема ниту било каков аргумент против за добивање датум за Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ. Само треба да знаеме кога ќе бидат донесени конкретните одлуки. Премиерот Бабиш ќе ни помогне на Европскиот совет, ќе ја отвори дебатата, верувам дека романското претседателство ќе не стави на дневен ред заедно со претседателот Туск затоа што секоја позитивна порака е мотивирачка за нас да продолжиме понатаму, посочи Заев.
За идејата на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да понуди работни групи кои би и помагале на Владата во реформите во однос на исполнувањето на условите за евроинтеграцијата до октомври, ја оцени како лицемерна бидејќи, како што рече, извештајот веќе е објавен и нема да има нов извештај до октомври.
-Колку лицемерно од негова страна, заради тоа што нема да има нов извештај до октомври. Што да помогне и за кои реформи кога извештајот е завршен. Сега одлучува Европскиот совет, ЕК донесе безусловно кристална чиста препорака во безусловно кристално чистиот извештај за нашата земја. Во него е вградена и опозицијата со која што заедно гласавме со консензус во Парламентот за многу законски решенија, верувам заедно ќе продолжиме и за нивната имплементација. Но сепак добредојдена е секоја помош. Нам ни требаат сите капацитети коишто треба да ги искористиме за да можеме да продолжиме и понатаму да ги подобруваме условите за живот во нашата земја и да го подигнеме демократскиот капацитет на институциите, рече Заев.
Ново на Сител
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта