Заев - Пенс: Македонија може да смета на САД за реформските процеси и влезот во НАТО
Американскиот потпретседател Мајк Пенс соопшти дека Република Македонија може да смета на поддршката од САД и изрази поддршка на политиките на Владата на Република Македонија и нејзините заложби за членство во НАТО, информира прес-службата на Владата на РМ за денешната билатерална средба на Заев и Пенс во Подгорица каде што попладнево заврши Самитот на земјите на Јадранската повелба.
- Ставот на претседателот на САД Доналд Трамп е дека САД стои зад Република Македонија и зад регионот во определбите за интеграциите во НАТО, истакнал потпретседателот Пенс, кој се интересирал за реализацијата на Планот 3-6-9 и нагласил дека е од големо значење да се обезбеди владеење на правото во Македонија.
Како што соопшти Службата за информирање во Владата, Пенс истакнал дека за САД од големо значење се демократските процеси и во делот на борбата против корупцијата, слободни медиуми, витализирање на граѓанското општество, доброто управување.
- Ставот на потпретседателот Пенс е дека премиерот Заев ги води реформските и интеграциските процеси со позитивна енергија и ентузијазам што се во согласност со потребите на регионот за нова генерација лидиери ослободени од минатото, кои гледаат во иднината на своите граѓани и својата земја, соопштува владината прес-служба.
Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Подгорица беше претседавач на Самитот на земјите на Јадранската повелба и кодомаќин заедно со премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ.
Во неговата делегеција беа и заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска, вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика, министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Стево Пендаровски.
- Општата оценка од Самитот е дека регионот покажува голема меѓусебна солидарност, што ја има поддршката од Соединените Американски Држави коишто, како што пренесе и потпретседателот Пенс, стојат заедно со Република Македонија и со сите земји членки и набљудувачи на Јадранската група во стабилноста, просперитетот и евроатлантските интеграции, наведува Владата во соопштението.
Ново на Сител
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час