Заев: Oдиме на избори aко ВМРО-ДПМНЕ не гласа за уставните измени

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека е спроведен мирен и демократски референдум и оти доколку видливо мнозинство од граѓаните гласале „за“ тогаш нивната волја треба да се спроведе во законодавниот дом, а во спротивно ќе бидат организирани предвремени парламентарни избори.
- Волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако навистина како што очекуваме сите имаме видливо големо огромно мнозниство „за“ од оние што гласале тогаш јасна е иднината. Гласот на пратениците во собранието, треба да биде глас за одлучно да ги забрзаме процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската одлука, а во спротивно ќе треба да ја употребиме другата алатка, а тоа значи предвремени парламнентарни избори, рече Заев на прес-конференција во Александар палас.
Ново на Сител
-

Форбс: Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата
-

Македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа, бележат рекордни 31 отсто раст во патничкиот сообраќај за првите 5 месеци
-

Барселона фаворит за потписот на Камбијасо
-

ЕУ: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво во Европа
-

Фицо: Изјавата на Маѓар дека Унгарија граничи со самата себе само ја зголемува напнатоста
-

При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци
-

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
-

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
