Заев од Валандово: СДСМ и Костадинов го носат најдоброто, Валандово станува ,,смарт" град
Претседателот Зоран Заев денеска беше во Општина Валандово.
Од паркот во Валандово заедно со кандидатот за градоначалник Перо Костадинов, носителот на листата за советници Владимир Марков, кандидатка за советник Надица Недиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски претседателот Заев им се обрати на граѓаните истакнувајќи дека СДСМ ја има најдобрата понуда и дека со Костадинов ќе продолжат успешните политики кои носат развој на општината.
На настанот Заев рече: „Во Валандово во овие четири години се работеше вредно, посветено и одговорно, со силна поддршка од локалната власт.
Тој континуитет мора да се одржи во следните четири години. Таа силна динамика мора да продолжи. Затоа Перо Костадинов и неговите проекти во Програмата се нашата најдобра понуда. А меѓу проектите предвидени за следните четири години е и проектот Валандово - паметен град. Инсталација на клауд-системи за паметно осветлување, поставување на смарт-клупи (паметни клупи) во урбаните зони, бесплатни wi-fi зони на повеќе локации во Општината, се дел од проектот „Валандово – паметен град“.
Ова е проект на иднината, проект за развој на Валандово и унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани од овој град.
Од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ. Каква ни е општината, таков ни е животот, а овде во Валандово со Перо и СДСМ квалитетот на живот постојано се подобрува.
Затоа на 17 октомври гласаме за Перо Костадинов и советничката листа на СДСМ, гласаме за број 12 за да продолжи напредокот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа