Заев од Пехчево: Исправени сме да носиме важни одлуки за сегашните и идните генерации
Премиерот Зоран Заев, кој е и лидер на СДСМ, вечерва на трибина во Пехчево истакна дека како нација сме исправени да носиме важни одлуки за сегашните и за идните генерации.
- Конечно после 27 години имаме покана за членство во НАТО, испорачана ни ја дадоа на рака. Сега зависи од нас дали ќе го поминеме тој скрининг процес. По референдумот кој е пред нас при крајот на 2019 година очекуваме полноправно членство на Македонија во НАТО, рече Заев, додавајќи дека престојниот референдум е подеднакво важен како оној од 1991 година кога граѓаните одлучуваат за независноста на државата.
Осврнувајќи се на бенефитите од влегувањето во Европската унија, Заев рече дека најдобрата придобивка е создавањето на економски амбиент во кој ќе биде вреднуван животот за живеење дома.
- Растот на економијата, кој е очигледен со последните статистики, нема да биде доволен за Македонија. На Македонија и треба квантен скок ако сакаме младите да остануваат овде и да не заминуваат надвор од државата, истакна Заев.
Трибината на коалицијата „За европска Македонија“ се одржа во Домот на културата во Пехчево.
Ново на Сител
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници