Заев очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре да се вратат во Собранието
Премиерот Зоран Заев очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на утрешната седница посветена на пратенички прашања.
Доколку утре не дојдат, како што вели, седницата ќе биде многу кратка бидејќи немам намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство.
На вчерашната средба со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицковски, како што кажа, се согласиле за многу работи што се во надлежност на партиите и му порачал дека постапките на судот се надвор од нивната надлежност.
- Неколкупати потенцирав дека притворот треба да се користи како крајна истанца. Мислам дека мене и на граѓаните им е преку глава од притворот и дека притворот се користи како казна. Сакам транспарентна постапка за сите и ако има докази да одговараат, а доколку нема да не одговараат, рече Заев одговарајќи на прашање по презентацијата на финалната верзија на планот за економски раст.
Тој ги охрабри судовите да водат независни постапки.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
