Македонија
25. April 2018 - 16:20

Заев очекува нов исчекор во решавање на спорот за името од преговорите во Виена

Премиерот Заев и од новата рунда разговори за спорот за името во Виена очекува нова можност за исчекор, бидејќи и двете страни досега успеале да направат многу во преговорите.

- Има напредок кој што ни дава причина да веруваме дека може да се направи исчекор сега, повторно во Виена, односно да го искористиме секоја можност да приближуваме кон конечно решение. Така да, продолжувам со оптимизмот. Верувам дека креативноста на двајцата министри, тимовите кои што се позади нив, а верувам дека јас во моментот, а и Ципрас од друга страна даваме добра поддршка, охрабрување за да се изнајдат навистина конструктивни и креативни решенија кои што буквално ќе ги задоволат двете страни во нивните очекувања, а притоа како што рековме достоинствено ќе се однесуваат двете земји и за граѓаните на двете земји. 

Изјавата на комесарот за проширување Јоханес Хан дека спорот може да се реши за две недели, премиерот Заев ја гледа како пријателска, бидејќи пристапот решение преку дијалог, што поскоро е европски однос кон проблемите.

Грчките медиуми новтаа средба во Виена ја оценуваат како клучна и решавачка.

Притоа потсетуваат дека дека разликите меѓу двете земји остануваат непроменети, односно грчкото барање за ерга омнес и уставна ревизија и македонското одбивање на таквото барање.

Ефимерида објавува став на неименуван владин претставник кој изјавил дека сите чекори што требаше Грција да ги направи, ги направивила и дека другата страна треба да ги направи останатите чекори.

Прото тема коментира дека не е мал бројот на западни земји од НАТО и ЕУ кои ја притискаат Грција да попушти во црвените линии и веројатно немаат намера да извршат притисок врз Македонија. Притоа, повикувајќи се на дипломатски извори весникот пишува дека е постигнат договор за техничките прашања.