Македонија
27. April 2019 - 16:41

Заев: Нови избори ако Пендаровски не победи во вториот круг

Предвремени парламентарни избори доколку на 5 мај не биде постигнат уставниот цензус за вториот круг од претседателските избори или пак, доколку изгуби кандидатот на власта ветува премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев. Сепак, тој вели дека шансите за такво нешто се мали и верува во успешни претседателски избори со победа на Стево Пендаровски.

За победа на Пендаровски јасно е дека ќе биде потребна поголема излезност, но и трансфер на албанските гласови кои ги освои Блерим Река на 21 април.

Неговите гласови ги очекува и противкандидатката Горда Силјановска. Опозицијата прогласи победа со овие гласови уште во првиот круг, а очекува победата да се потврд-и и на 5 мај.

Сепак, и самиот Река и двете партии кои го поддржа БЕСА и Алијансата на Албанците барем официјално стојат настрана од политичкото пазарање. И денеска од партијата на Зијадин Села повторија дека стојат на ставот нивните поддржувачи самостојно да одлучат дали и кому да го дадат својот глас наредната недела за шеф на државата.