Заев: Нов економски пакет кој вклучува и легализација на марихуаната

Премиерот Зоран Заев е убеден дека декриминализацијата и легализацијата на канабисот/марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството. Неговиот план предвидува и вадење на парите од „под перници“.
Премиерот Зоран Заев најавува нов економски пакет кој вклучува и декриминализација и легализација на марихуаната во македонските туристичките места. Тој го изјави ова во интервјуто за македонската редакција на „Дојче Веле“.
Заев смета дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството.
„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.
Премиерот вели дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.
„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места”, вели Заев.
„Ова е алатка со која можеме да ги дигнеме услужните дејности, затоа што тие малку учествуваат во домашниот БДП“, смета Заев, но ветува дека на оваа тема ќе се отвори широка дебата, па „ако мнозинството каже „не чепкајте таму“, тој вели „нема да чепкаме“.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
