Заев: Никогаш не сум посочил оти други лица се виновни за случајот „Монструм“
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека никогаш не посочил оти други лица се виновни за петкратното убиство кај Смилковско езеро познато во јавноста како случајот „Монструм“.
-Ако имав лица да посочам, од 2015 еве до 2021 година ќе ги посочев до сега. Никогаш не сум спомнал дека друго лице е виновно. Сум давал свои коментари, задршки и резерви за тоа што било соопштено во јавноста преку читање на пресудите, тогаш достапни на 183 страни, секогаш сум давал одговор транспарентно на новинарски прашања за тоа што сум го мислел. Но, секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот, рече премиерот Заев на новинарско прашање
Тој појасни дека се она што го имал како информација го споделил со јавноста и го доставил до Обвинителството, а правосудните органи се тие кои преку истрагите и анализата на сите докази и аргументи и споредување со материјалните докази покрај аудио доказите ќе го имаат последниот збор преку изрекување на пресудите.
-Драго ми е што овозможивме преку доставување на илегално прислушувани материјали да се овозможи повторување на процеси со коишто преку нив се открива докрај самата вистина на случаите за кои имаше сериозен интерес во јавноста, вели Заев.
Ново на Сител
-

Во чест на Св. Трифун групна изложба од 35 уметници во Музеј Галерија Кавадарци
-

Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец
-

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
-

Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин
-

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд
-

Реал, како последен, се повлече од Суперлигата
-

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
-

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава
