Македонија
12. October 2021 - 12:37

Заев: Нема да си поднесам оставка ако СДСМ добие помалку советници

Премиерот Зоран Заев нема да си поднесе оставка доколку СДСМ освои помалку советници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој само кратко одговори „Не“ на прашањето дали ќе си поднесе оставка ако СДСМ добие помалку советници на претстојните локални избори.