Заев: Нека е честит Денот на Републиката, Да живее Република Северна Македонија!
„Денеска сите го празнуваме нашиот најголем државен празник 2 Август – Денот на Републиката. На Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската Република, а потоа и во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, се поставија столбовите на Републиката и на државноста.
Во Пелинце, во Крушево и на сите други историски места, се сеќаваме на жртвата на илинденските востаници, на хероите на НОБ, на актерите на независноста и ги чествуваме историските случувања преку двата Илиндена во 1903 и 1944, коишто го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.
Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, и на сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро утре во нашата татковина.
Нека е вечен споменот на двата Илиндена!
Нека е честит и вековит Денот на Републиката!
Да живее Република Северна Македонија! “, напиша Заев на својот Фејсбук профил по повод Илинден.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран