-->
-->
Заев: Најава за инвестиции од Обединетите Арапски Емирати
-->
Шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати, најавил инвестиции во државава, објави премиерот Зоран Заев, кој му бил специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот.
– Ми беше чест и задоволство да бидам специјален гостин на ифтарската вечера на шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и социјален развој на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Шеикот најави инвестиции на ОАЕ во Северна Македонија, а јас во име на Владата искажав подготвеност за темелна соработка, потенцирајќи ги уште еднаш клучните вредности на нашата земја, како што се одличната географска положба, економската флексибилност за инвестиции, работливиот народ и мозаикот од култури и заедници кои живеат кај нас, наведе во објавата премиерот.
Со поддршка на шеикот се остварени работни средби со повеќе компании од Дубаи и Абу Даби со кои, како што вели, отворивме можности за економски инвестиции во нашата земја.
За време на посетата Заев го придружувале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје
-
До сабота сончево и многу топло, дневната температура до 42 степени
-
ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија - Македонија ја пречека Европа со спорт, музика и заедништво
-
Регионалниот пат Куманово - ГП Пелинце ќе биде затворен за сообраќај поради велосипедска трка
-
Куманово ќе спроведе трет треман на терестичка дезинсекција
-
Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати
-
Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат
-
Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски