Заев на средби со Туск, Могерини, Хан и Столтенберг утре во Брисел
Премиерот Зоран Заев утре ќе престојува во прва официјална посета на Брисел каде ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Федерика Могерини, со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Целта на првата посета на Брисел по преземањето на должноста е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во владината агенда за враќање на државата на патот на евроатлантсите интеграции, соопшти денеска службата за информирање на Владата.
Заев ќе биде придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во пресрет на посетата порачува дека како премиер длабоко ги цени пораките за поддршка на новата Влада кои деновиве ги добил од челниците на ЕУ и НАТО.
- Сите без исклучок гледаат голема надеж во мојот Кабинет и во новата влада да ја врати земјата на европскиот пат. Тоа за нас е дополнителен мотив веднаш да се зафатиме со реформските процеси што сме ги ветиле пред граѓаните и пред нашите пријатели во Брисел да претставиме конкретна реформска агенда, која ќе ги деблокира процесите за напредок кон членство во ЕУ со обновување на препораката за почеток на преговори која поради политичката криза е замрзната веќе две години. Владата е силно посветена со конкретен план за реформи во соработка со институциите на ЕУ да работи и на изнаоѓање решенија за отворање на поглавјата 23 и 24, како суштински не само во процесот на преговори за пристапување, туку и за реформите на домашен план, коишто треба да го вратат владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите, порачува премиерот Зоран Заев.
Итните реформски приоритети, веќе посочени од ЕУ, истакнуваат од Владата, се во фокусот и на НАТО. На средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, владината делегација ќе ја презентира решеноста за унапредување на добрососедските односи врз основа на заемно почитување, определбата да се продолжи со придонесот во мисиите на Алијансата, како и заложбите да се обезбедат сите потребни предуслови за натамошно осовременување на Армијата на Република Македонија, согласно со стандардите на НАТО, пишува во соопштението.
Ново на Сител
-
Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија, но ќе бидеме во контакт со Украина
-
МКС очекува апсење на Путин на пат кон Унгарија
-
71-годишна жена измамена со лажна сообраќајна несреќа за сума од 36.300 евра
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето
-
Жена во Карош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
-
Непознато лице од автомобил пукало кон дом во Ѓорче Петров, пронајдени две зрна и оштетување во домот
-
Закани и физички напад меѓу активисти на две партии додека делеле изборен материјал во Куманово