-->
-->
Заев на средба со коалициските партнери: Почнуваме процес на создавање на најголемата коалиција за напредок и интеграција
-->
Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево оствари средба со претседателите на партиите кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ.
– Ова е почеток на создавање на најголемата коалиција во историјата на независноста па до денес, која ќе излезе на изборите и ќе понуди програма што овозможува продолжување на напредокот и процесот на интеграции. Во пресрет на предвремените парламентарни избори ова е прва средба со сите коалициски партнери на СДСМ кои активно учествува во градењето и реализацијата на мерките и политиките што се во интерес на граѓаните. Она што досега го спроведовме наиде на широка поддршка од граѓаните и од други политички субјекти така што тоа дава за право да веруваме дека коалицијата може да се прошири дополнително, посочил Заев на средбата.
Коалициските партнери, како што соопшти СДСМ, заеднички заклучиле дека досегашната соработка во делот на остварување на програмските определби е успешна, оти по години стагнација денес државата е на прав пат, дека се спроведуваат мерки во интерес на граѓаните и сето тоа, како што посочиле, отвора можности оваа коалиција дополнително да се зголеми со нови партнери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер