Заев на состанок со Јункер, Борисов, Хан, Могерини и лидери од Западен Балкан
- Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, учествуваше на работниот состанок на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, како премиер на земја претседавач со ЕУ, со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што се одржа во Софија.
По работниот состанок премиерот Заев, во изјавата за медиумите рекол дека на состанокот, од страна на претседателот на ЕК, Јункер, заедно со еврокомесарот Хан и претставничката за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Могерини било реафирмирано дека ЕК е посветена на ЕУ интеграциите на земјите од Западен Балкан.
- Денеска највисоките претставници на Европската комисија соопштија дека сега се сериозни перспективите за Западен Балкан на патот кон ЕУ, истакнал премиерот Заев.
Премиерот Заев додал дека е најавена сериозна поддршка на државите од регионот во делот на инфраструктурата, со финансиски средства во висина од неколку милијарди евра.
Исто така, како што рекол премиерот Заев, испратена е пораката, дека „водилка во овие процеси треба да бидат реформските процеси“.
Лидерите на државите од регионот, од високите евро претставници, биле охрабрени да продолжат со регионалната соработка и инфраструктурното поврзување.
Како значајни реформи од коишто се очекува напредок до Самитот за Западен Балкан во мај во Софија, на работниот состанок, биле посочени реформите во правосудството, медиумите, јавната администрација и тајните служби и полицијата, што, како што соопштил премиерот Заев, се „голема одговорност за Република Македонија, но и нешто што ги отвора евро перспективите“.
- Ние очекуваме во април да се тргне условеноста на препораката, а во јуни да добиеме и датум за почеток на преговори со ЕУ. Ова се вредни цели на коишто треба да се посветиме сите, рекол премиерот Заев во изјавата.
Пред бројните новинарски камери и големиот медиумски интерес, премиерот Заев изразил благодарност за неговиот колега од Република Бугарија, Борисов.
- Еден сериозен дел од ангажманите за време на претседавањето е посветен на пријателите и на соседите, и тоа е вредно за почит, посочил премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев навел дека Република Македонија е посветена на Коридорот 8 и на развојот на патната и железничката инфраструктура на овој коридор кон Бугарија и Албанија, како и на поставување на оптичка инфраструктура, гасно поврзување, и на намалување на цените на роамингот.
- Да го покажеме Балканот како вредно место во Европа, истакнал Заев.
На интересот на новинарите во врска со решавањето на спорот за името, премиерот Заев оценил дека „сега се најголеми шансите за решение“, дека има посветеност од сите страни, вклучувајќи го и премиерот Ципрас, и дека прашањето е тешко и чувствително, но и дека ги отвора перспективите на Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО.
Премиерот Заев додал дека е добро што двете страни се определени на достоинствено решение на спорот.
- Верувам дека и на Грција и треба решавање на ова прашање од меѓународната проблематика. Верувам и дека сите политичарите во Грција, пред се премиерот Ципрас, лидерите на опозицијата, господинот Мицотакис, и другите политичари, повеќе мислат на иднината на Грција и на целиот грчки народ, истакнал премиерот Заев.
На инсистирањето на новинарите кога би можело да се очекува решавање на спорот, премиерот Зоран Заев оценил дека е можно тоа да се случи пред Самитот на ЕУ во јуни, кога Македонија очекува датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Ново на Сител
-

Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
-

На грчкиот остров Лезбос потврдени 17 случаи на шап и лигавка
-

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран
-

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми
