Заев на Сител ТВ: Се однесуваме како сите земји-членки на ЕУ во носењето на рестриктивните мерки кои имаат резултати
„Се однесуваме исто како што се однесуваат земјите-членки на Европската Унија и нашиот регион, не одиме ние во екстреми долни или горни мерки во носењето на нашите одлуки, претпоставка е, ако се донесе карантин или полициски час тоа може само за тој период додека трае, малку да ги намали бројките ама штом се укине, пак ќе се зголемат. Денешната препорака, која што ја донесовме за неизлегување после 21:00 часот, освен во исклучителни ситуации е сериозна препорака“, истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во гостувањето во централниот Дневник на Телевизија „Сител“.
Премиерот Заев се осврна и на огромната заслуга што ја имаат лекарите, медицинскиот и техничкиот персонал:
„Им симнувам капа на лекарите и медицинскиот и техничкиот персонал и треба да ги наградиме за нивниот секојдневен труд. Затоа е планирано со Ребалансот на Буџетот да им се дадат две дополнителни плати“, рече Заев во централните вести на Сител ТВ.
Ново на Сител
-
Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната
-
Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес
-
Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
-
Крмзов доби 30 дена притвор
-
Завршува учебната година
-
Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем
-
Мицкоски и Тошковски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата