Заев на 72. Генерално собрание на ОН во Њујорк, ќе се сретне со Трамп и Гутереш

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк од 17 до 23 септември, соопшти владината прес-служба.
Во составот на делегацијата на Република Македонија, ќе бидат и шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.
Заев ќе присуствува на свеченото отворање на работата на Генералното собрание и ќе има обраќање на тематската конференција „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон. Предвидено е премиерот Заев да учествува и на повеќе други тематски панели за време на овој светски собир на шефови на држави и влади.
Претседателот на Владата на Република Македонија ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повеќе други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во рамките на посетата на Њујорк, премиерот Зоран Заев ќе има средби и со претставници на дијаспората на Република Македонија во САД, како и американски бизнисмени.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
