Заев му ја честиташе победата на Рама
Премиер Зоран Заев му ја честиташе победата на лидерот на албанските социјалисти Еди Рама, со која тој обезбеди трет последователен мандат.
– Премиерот на Македонија, Зоран Заев, победата на Рама му ја честиташе на албански јазик, пренесуаат албанските медиуми, наведувајќи дека Заев е меѓу првите кои му ја честитата убедливата победа.
Потсетуваат дека Заев преку видеопорака ги повикал Македонците и дугите граѓани во Албанија да гласаат за Социјалистичката партија и за кандидатот Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ), кој беше на кандитаската листа на оваа партија во округот Корча.
Посочуваат исто така дека „двајцата лидери имаат голем придонес во унапредувањето на билатералните односи и соработка во интерес на граѓаните на двете земји“.
Социјалистичката партија на неделните избори освои 74 од 140 пратенички мандати колку што брои албанскиот парламент.
Победата на Рама му ја честитале и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, италијанскиот министер за надворешни работи
Ди Маио и лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува големи потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Инвестициите и општинските капитални проекти ќе го зголемат економскиот раст
-
Истражување: Битола најотворена општина, Сопиште најзатворена
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година