-->
-->
Заев - Мекилвам: Британска поддршка за интеграциите на Македонија
-->

На средбата, соопшти владината служба за информирање, се потенцирани лидерските политики како важен фокус кон иднината како на сегашните така и на идните генерации во Република Македонија. Во таа насока, британските претставници изразиле поддршка на политиките на премиерот Заев и на Владата, базирани на реформи и градење пријателства како демократски вредности важни за интеграцијата на нашата држава. Исто така, посочено е дека Договорот со Република Бугарија е добар пример како земјите од регионот можат да ги решат билатералните прашања, ако има политичка волја за тоа.
- Нашите стратешки цели се НАТО и ЕУ интеграциите, затоа што ние веруваме дека вредностите што ги носат реформите отвораат перспективи на државата и квалитетен живот за граѓаните. Определени сме да градиме пријателства со сите држави од соседството, а прашањето што стои на патот на интеграциите на Македонија не е нерешливо, ако се има креативност, а има политичка волја за решение од двете страни, рекол премиерот Заев.
Тој изразил очекување дека интегративните политики на новата Влада ќе отворат пат и за исчекори на Република Македонија кон НАТО и ЕУ. Премиерот Заев се заблагодарил на големата поддршка од Велика Британија во демократизацијата на Република Македонија и во развојот на институционалните капацитети во државава.
Мекилвам, Пејџ и амбасадорот Гарет посочиле дека Република Македонија демонстрира демократска зрелост и дека создадениот позитивен моментум ќе биде употребен за развој на државата на меѓународен и на домашен план.
На средбата се разговарало и за самитот што треба да се одржи во првата половина од јули во Лондон. Има согласност дека дигитализацијата, економијата, отворањето нови работни места, нова енергија во инвестициските стратегии, стабилноста и безбедноста се теми од директна важност за граѓаните на државите од Западен Балкан кон чија поддршка е насочена Велика Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност
-
Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја
-
Aрсовска: Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на 12-катницата во Чаир, изградена без проект, на диво приклучена на струја, без платени комуналии
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна