Заев – Лајчак: Скопје го изработи својот дел од обврските, време е Брисел да испорача
Македонија го одработи својот дел од обврските. Време е ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ пред целиот Западен Балкан.
Ова, како што објави на Твитер премиерот Зоран Заев, е заедничката порака за која се согласиле со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, на вечерашната средба во Брисел.
Средбата со Лајчак, е прв од серијата разговори со високи претставници на ЕУ што ќе ги има премиерот Заев денеска и утре во Брисел.
Заев утре во седиштето на ЕУ во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, со извршниот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс и со еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.
На средбите на Заев со високите европски претставници на кои ќе биде придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, се очекува да се разговара за пристапниот процес на С Македонија кон Европската Унија, за бугарското вето, но и за последните изјави на еврокомесарот Вархеји дека е можно раздвојување на Скопје и Тирана на европскиот пат.
Според најавата од владината прес-служба, премиерот Заев за време посета на Брисел ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја актуелен претседавач со ЕУ.
Предвидени се средби и со европарламентарците Дачиан Чолос, претседавач на групата Europe Renew и со Илхан Ќучук, известител на ЕП за Македонија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто се скапи земјоделските производи? Кој заработува на грбот на земјоделецот?
-
22-ри „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Марјан Николовски, професор на Факултет за безбедност
-
Подметнат пожар во автосервис во близина на „Стаклара“
-
Мицкоски: Пожарите доаѓаат од центри на моќ за да сејат страв, идентификувани се 20 лица
-
Шест месеци по трагедијата во Кочани, тројца повредени се уште во болница
-
Убиената Росица 7 пати го пријавувала насилникот во полиција, Обвинителството постапувало по пријавите