Заев: Колективниот договор за високо образование и наука ќе значи повеќе пари за наставно-научниот кадар
Премиерот Зоран Заев напиша на неговиот фејсбук профил дека Колективниот договор за високо образование и наука, кој беше усвоен на последната владина седница, ќе значи повеќе пари за наставно-научниот кадар, повеќе инвестиции, помотивирани и поквалитетни студенти.
-Со колективниот договор за првпат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително предвидено е зголемување на платата на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година, стои на фејсбук профилот на премиерот Заев.
Едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор, наведува Заев, е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќал со големи потешкотии од страна на високообразовните установи, сенаведува на фб статусот на премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот