Заев - Јанакакис: Позитивна атмосфера за градење доверба и продлабочување на соработката
Премиерот Зоран Заев денбеска се сретна со грчкиот амбасадор Димитрис Јанакакис. На средбата било констатирано дека постои позитивна атмосфера за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
„Пративме позитивни сигнали за добрососедска соработка, затоа што новата Влада е определена кон примена на европските вредности и на политики на градење мостови. Добиваме назад позитивни сигнали од нашите соседи, што го сметаме за голем исчекор во развојот на добрососедските односи и во отворањето перспективи за граѓаните и за Република Македонија“, рекол премиерот Заев, а соопшти неговиот кабинет.
Претседателот на Владата, повторил дека стратешки определби на нашата држава се членство на Македонија во Европската унија и во НАТО. Тој соопшти дека новата Влада е силно фокусирана кон потребниот реформски процес за евро-атлантските интеграции, преку усвојување конкретен Акциски план, што одразува колку сериозно е посветена Владата да го подигне квалитетот на живот на граѓаните и да обезбеди напредок на државава. Премиерот Заев и во оваа прилика изрази надеж дека по Црна Гора, Македонија ќе биде следната земја, членка на НАТО.
Грчкиот амбасадор Јанакакис изразил подготвеност за соработка меѓу двете земји на различни нивоа.
Ново на Сител
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички