Заев: Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.
Тој нагласи дека извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите, особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
-Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на словенечкото претседателство.
ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството, објави Заев.
Премиерот истакна дека извештајот потврдува дека чекориме силно на европскиот пат.
-Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот, додаде Заев.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија