Заев: Имавме демократски, фер, кредибилни и кристално чисти избори, вистинска слика на волјата на граѓаните

Ова е голема победа на граѓаните на Република Македонија. Честитки до сите сите граѓани за денешниот празник на демократијата. Имавме деморатски фер и чисти избори, избори што се вистинска слика на волјата на граѓаните, порача вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој истакна дека резултатот од вториот круг од шестите локални избори бил очекуван и оти на него граѓаните само ја потврдиле победата и јасно се определиле за целосни и сеопфатни промени, за поквалитетен живот за сите.
- СДСМ победи во голем број општини. Се движиме во вистински правец, кон правична и економски просперитетна Македонија, заеднички дом и татковина, едно општесто за сите, одлучна да стане дел од евроатлантското семејство, порача Заев.
Напомена дека најголемата одговорност за остварување на овие заеднички цели паѓа токму на СДСМ и коалициските партнери.
Тој рече дека избраните градочалници, но и централната власт веднаш продолжуваат со работа.
Лидерот на СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го преиспита својот став за непризнавање на изборниот процес, бидејќи, како што рече, тие знаат дека изборите минаа во целосно демократска атмосфера.
- Се надевам дека ќе изнајдете сили да се однесувате како одговорен политички субјект и ќе се вклучат и ќе дадат конструктивен придонес за реформите. Апелирам до раководството на ВМРО-ДПМНЕ во прв план да ги стави интересите на граѓаните, порача Заев.
Ново на Сител
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
